x

Организација

Kolid Foods е една од водечките дистрибутивни компании за производи за широка потрошувачка во Македонија. Kolid Foods е основана во 1991 година како мала приватна компанија. Во 1994 година, Kolid Foods почна интензивно градење на својата дистрибутивна мрежа, која сега котира во најдобрите 5 дистрибутивни компании во Македонија.

 

Кој сме ние?

  • Денес, приодот со нашите клиенти е искрен и одговорен, стремејќи внимателно да се задоволат сите нивни барања.
  • Нашите односи, внатрешни и надворешни се засноваат на основните морални вредности и пријателство.
  • Ние сме брзи, подвижни и флексибилни.
  • Ние работиме со големо внимание, посветеност и компетентност.
  • Ние инвестираме во секој бренд што го дистрибуираме.
  • Начинот на кој ние работиме подразбира брз одговор на какви било промени на пазарот.
  • Ние работиме како тим и ги почитуваме напорите на секој поединец.
  • Ние преземаме ризици и се стремиме кон постојан напредок.
  • Новите побарувања на пазарот се голем предизвик за нас.
  • Со цел да се одржи водечка позиција на пазарот постојано инвестираме во нови производи и идеи.

Денес, ние сме горди да кажеме дека Kolid Foods е една од најбрзите растечки компании, со најширока мрежа во земјата. Со нашиот претходен развој, ние продолжуваме да градиме високо-квалитетен оперативен систем кој континуирано го подобрува чекор со побарувачката на пазарот преку следниве сектори.


Сектори:

  • Увоз-извоз;
  • Производство;
  • Продажба и дистрибуција;
  • Финансии и сметководство;
  • Маркетинг;
  • ИТ;
  • Складирање;
  • Транспорт и логистика;

Kolid Foods има динамична и квалификувана продажбена сила, која работи преку својот модерен мобилен продажен систем со програмски решенија за нарачки и продажба анализа. Агентите се поврзани со централниот сервер преку 4G мобилна мрежа која овозможува автоматско процесирање на нарачката до магацинот. Во период од еден час од приемот на нарачката, стоките се подготвени да бидат испорачани.

За да се задоволат нашите клиенти, ние имаме високо квалитетни кадри во сите сектори од бизнисот. Постојано инвестираме во нив, преку едукација и развој на нови вештини.

 

Логистика

Kolid Foods располага со три големи дистрибуциски и складишни центри во Скопје, Струмица и Битола. Фирмата располага со вкупен магацински и деловен простор од 9700 м2.

Главно складиште Скопје:
- 8000м2 складирање;

Складиште Битола:
- 1000м2 складирање;

Складиште Струмица:
- 700м2 складирање;

 

Нашите возила

Kolid Foods има широк флота со нови, современи и технички опремени возила:

  • 87 Автомобили
  • 41 Комбиња
  • 40 Комбиња со простории за ладење
  • 25 Возила за сладолед
  • 3 Камиони

Со повеќе од 190 возила, 200 вработени нашата продажна сила директно посетува повеќе од 5000 клиенти.

 

Нашата визија

Да бидеме најголемите, најуспешните и најпознатите восхитувачката дистрибутивна компанија во Македонија, прилагодени за задоволување на вашите потреби.

 

Нашата мисија

Да ги задоволиме Вашите желби и потреби на највисоко ниво. Преку нашата професионална услуга и грижа сакаме да Ви испорачаме максимални вредности, на начин кој ќе го направи Вашиот живот поубав и полесен. Нашата мисија ја остваруваме кога Вие сте комплетно задоволни.