x

La Dama e македонски бренд на женски и детски хулахопки и чорапи и своето 28 годишно искуство и традиција на пазарот го користи за континуирано создавање на квалитетни производи што ги задоволуваат и најспецифичните барања на македонските жени и девојки. La Dama е создадена за чувството на удобност, елегантност и привлечност на секоја жена и тоа е нашата најголема вредност. La Dama се направени согласно пропорциите на Македонските жени и имаат специјални додатоци за да обезбедат удобност и сигурност кај сите жени независно од големината и обликот. Позитивна карактеристика на La Dama е тоа што инспирира, мотивира и поттикнува, влијае врз девојките, жените, сите дами да се „облечат“ во најдоброто од себе и да чекорат со шарм и самодоверба. La Dama ве прави тоа што сакате да бидете, а тоа е најголемата вредност што еден бренд може да ја поседува.

Производите La Dama се достапни во сите големи супер маркети, локални маркети и специјализирани продавници. Уште на прв поглед, хулахопките на La Dama ќе го „украдат“ вашето внимание благодарение на атрактивниот дизајн на пакувањата. Суптилните земјени тонови што преовладуваат во дизајнот на амбалажите, директно асоцираат на нежниот, но истовремено и цврст дизајн на хулахопките кои буквално ги галат женските нозе.  Уникатното лого на La Dama е ружата во која е профилиран женски лик, како симболичен спој на моќната и доминантна со кревката и ранлива страна на жената. Секој различен производ носи своја специфична нота, како во однос на изработката, дебелината, дезенот и бојата, така и во однос на препознатливоста на самото пакување.

La Dama е чувство за себе, самосвесност, стил, храброст, дрскост и пркос на сите стереотипи. La Dama е жената што знае што сака и знае како да се истакне, како да ја надгради сопствената  маркантност, уникатноста што секоја жена исконски ја носи во себе. La Dama е сето она што една жена треба да претставува и што се очекува од неа да биде, луцидна девојка, нежна и грижлива мајка и сопруга, одговорен професионалец, ведра пријателка. La Dama е супер жена и дама.

La Dama е вашата најверна пријателка во освојувањето на сечие внимание!